Џонсон: Руското признавање на одметнатите региони е кршење на меѓународното право

Од:

Руското признавање на одметничките провинции во источна Украина е јасно кршење на меѓународното право, изјави вечерва британскиот премиер Борис Џонсон.

-Владимир Путин штотуку објави дека Русија ги признава одметнатите републики Доњецк и Луганск. Тоа е едноставно кршење на меѓународното право. Тоа е флагрантно кршење на суверенитетот и интегритетот на Украина, рече Џонсон на прес-конференција.

Британскиот премиер додаде дека останува да се види што точно ќе се случи во Источна Украина во моментов, но дека Западот мора да изврши притисок врз Русија што е можно повеќе.

-Ќе треба да почекаме да видиме што точно ќе биде во Доњецк и Луганск. Претходно реков дека санкциите зависат од првиот чекор за руски влез во нив, рече Џонсон. „Тоа што се случи е исклучително лоша вест“, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија