Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Од:

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да маршира низ Европа“ доколку тоа му биде дозволено и додаде дека следната цел може да биде Балканот.

„Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа доколку му биде дозволено. Мислам дека следниот може да биде Балканот, а може да има пресметка со Полска или некој од нашите сојузници во НАТО“, изјави Џонсон пред новинарите во Конгресот, пренесува Newsweek.

Тој додаде дека попрво би испратил куршуми во војната против Русија отколку „американски момчиња“.

„Да бидам искрен, повеќе би сакал да испратам куршуми во Украина отколку американски момци. Мојот син ќе влезе во Поморската академија оваа есен. Ова е вежба со боева муниција за мене, како и за многу американски семејства“, рече Џонсон.

Тој посочи дека обезбедувањето помош за Украина е од клучно значење.

„Верувам дека Кси Џинпинг, Владимир Путин и Иран навистина се оската на злото“, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Трамп: Добро се согласувам со Путин

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Баро: Путин сака да избегне мир