Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го стави нуклеарното оружје во состојба на висока готовност е со цел да го одвлече вниманието од тоа што навистина се случува во Украина.
– Тоа е одвлекување на вниманието од реалноста на тоа што се случува во Украина, истакна Џонсон.
Тој додаде дека Украинците се соочуваат со „целосно неиспровоциран чин на агресија против нив“.
– А, тоа што всушност се случува е дека тие возвраќаат, можеби со поголем ефект, со поголем отпор, отколку што сметаше Кремљ, посочи Џонсон.
Извор: МИА