Џонсон го нарече Трамп поранешен претседател

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „поранешен претседател“ додека одговараше на прашања од членовите на Парламентот.

Пратеничката на британските лабуристи Анџела Игл го праша Џонсон дали има некој совет за неговиот „долгогодишен најдобар пријател“ во врска со одбивањето на Трамп да ги признае резултатите од изборите, на кои, според проекцијата на американските медиуми, победи Џо Бајден.

Џонсон одговори дека тој „имал, односно, сè уште има добри односи со поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави“.

– Должност на премиерот на Велика Британија е да има добри односи со Белата куќа, додаде Џонсон.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата