Џо Бајден се уште не знае дали ќе се кандидира за претседател на САД

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека се уште не може да каже дали ќе се кандидира за претседател на САД.

На предавање во Атланта, во сојзната држава Џорџија,  за надворешната политика, Бајден рече дека едноставно  не знае дали има во него доволно „емоционална енергија“ за вклучување во изборната трка.

– Не можам да ве погледнам директно очи и да ви речам дека може да го направам тоа, призна актуелниот потпретседател.

Бајден кој има 72 години, порано оваа година, го загуби синот, кој почина по долга битка со ракот.

Американските медиуми веќе неколку недели навестуваат дека Бајден ќе се вклучи во трката за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори во САД, во номеври идната година, предизвикувајќи ја на тој начин, Хилари Клинтон која веќе учествува во изборната кампања.

– Да бидам искрен-се уште не знам дали ќе се вклучам во изборната трка, рече Бајден во текот на предавањето во Атланта.

Повеќе угледни функционери на американските демократи го уверуваат Бајден дека треба да влезе во изборната трка, затоа што се стравува дека Клинтон би можела да се соочи со многу поголеми предизвици околу аферата со користењето на нејзниот приватен сервер од компјутерот, за испраѓање и примање на службени мејлови, во времето додека била државен секретар на САД.

Таквото однесување на Клинтон не е дозволено со прописите за американската администрација, особено што стотици од веќе публикуваните службени мејлови на Клинтон, сега се прогласени како доверливи материјали.

Џо Бајден досега на два пати има учествувано во претседателските избори во САД, првиот пат во 1988, а вториот пат во 2008 година, кога стана американски потпретседател.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени