Џихадистите тврдат дека го убиле францускиот заложник во Алжир

Од:

Исламистичката група „Џунд ал-Кхилафа“ дел од Исламската држава, со видео порака поладнево тврди дека го обезглавила францускиот заложник 55-годишниот Ерве Гурдел, киднапиран во Алжир, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Во видеото насловено „Крвава порака за француската влада“, снимката започнува со дел од конференцијата за печат на францускиот претседател Франсоа Оланд на која најавува дека Франција ќе учествува во воената интервенција во Ирак, исто како и снимки од воени авиони.

Потоа на неа се гледа Ерве Гурдел на колена со рацете на грбот, опкружен од четири маскирани лица.

Оваа исламистичка група побара од Франција да го прекине учеството во воените удари против Исламската држава во Ирак. Барањето беше отфрлено од претседателот Оланд. Вечерва од Њујорк, францускиот претседател потврди дека „францускиот заложник беше кукавички убиен“.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ