Џихадистите погубиле 30 цивили во село во централна Сирија

Од:

Во напад врз селото Мабујех, во централната сириска провинција Хама, кое е под контрола на владините сили, џихадистите на Исламска држава (ИД) погубиле најмалку 30 цивили, меѓу кои и две деца, соопшти директорот на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според него, овие цивили ИД ги погуби со палење, отсекување глава или пукање во нив, пренесуваат американските медиуми.

Сириска државна телевизија информира дека владините сили го блокирале терористичкиот напад врз селото, но притоа не неведе податоци за никакви загуби.

Во селото Мабујех главно живеат сунитски муслимани, како и малцинските религиски групи алавити и исмаилиси, кои се ограноци на шиитските муслимани.

ИД редовно ги напаѓа припадниците на малцинските религии, посебно шиитите, кои ги обвинува за отпадништво од верата, како и сунитите за кои ќе утврди дека го нарушиле толкувањето на својата религија.

Мабујех се наоаѓа во близина на важниот патен парвец за Владата на Асад, бидејќи претставува едниствена врска со централните провинции Хомс и северно Алепо, а исламските милитанти повеќепати досега се обидуваа да го пресечат.

Кон крајот на март, екстремистичката група уби 83 владини војници во обид да ја преземе контролата врз патот.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад