Џихадистите напредуваат кон сирискиот курдски град Ајн ел Араб

Од:

Џихадистите од Исламска држава се приближија на три километри од стратешкиот курдски град во Сирија, Ајн ел Араб, кој се наоѓа во близина на границата со Турција.

– Постојат реални стравови дека ИД може да напредува до градот… многу брзо, предупреди сириската опозициска група Опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.

Курдските борци со поддршка од авионите на меѓународните сили се обидуваат да ги спречат припадниците на ИД да го заземат градот Ајн ел Араб.

Турскиот Парламент денеска ќе одлучува за воена интервенција против џихадистите. Турција, која е членка на НАТО, по повеќе месеци одлучи да ја заостри својата политика. Турската Влада побара од Парламентот да одобри воена интервенција против ИД во Ирак и во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад