Џихадистите егзекутираа голем број бунтовници во Сирија

Од:

Исламистичките борци егзекутираа голем број бунтовници во западниот дел на Сирија, соопштија американските разузнавачки служби.

Огранокот на групата Џунд ал Акса убил над 150 членови на бунтовничките фракции во селото Хан Шејхун во провинцијата Идлиб, објави организацијата СИТЕ, која ги следи интернет активностите на екстремистичките групи.

Десетици од егзекутираните биле членови на Слободна сириска армија, а другите припадници на коалицијата Техрир ал Шам, каде припаѓа и поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија, Џебхат фатах ал Шам.

Последната недела имало и судири меѓи Џунд ал Акса, која идеолошки е блиска до Исламска држава и главен соперник на Ал Каеда, и Тахрир ал Шам, при што загинале десетици лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија