Џихадисти зазедоа уште неколку области во Ирак

Од:

Џихадисти синоќа презедоа контрола и врз два сектора во ирачката провинција Селахедин, северно од Багдад откако претходно ја заземаа целата област Нинива и Киркук, потврдија воени извори за западни медиуми.

Припадници на џихадистичката група Исламистичка држава во Ирак и левант, ги зазедоа областите Синија и Сулејмане-Бек по повлекувањето на силите за безбедност.

Џихадистите од таа група го зазедоа вчеа Мосул, втор град по големина во државата и неговата провинција Нинива, а подоцна и повеќе области во близина на Киркук, на север во државата.

По заземањето на Нинива, шиитската Влада на Нури ал Малики одлучи да ги вооружа граѓаните подготвени за борба против бунтовниците. Од јануари таа бунтовничка група има контрола врз Фалуџа и повеќе други облати во западната провинција Анбар, со мнозинско сунитско население како и соседната Нинива.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак