Активисти и симпатизери на екстремистичка група Исламска држава (ИД) објавија фотографија на 10-годишно дете за коер тврдат дека, бил најмлад џихадист, убиен во борбите во Сирија, заедно со неговиот татко.
– Повеќе фотографии, кои не се независно проверени, се појавија неделава на социјалните мрежи откако во септември на ЈуТјуб беше објавена видео-снимка во која се тврди дека детето и таткото се убиени, објави денеска британскиот весник „Дејли мејл“.
Видео-снимката е објавена од проџихадистичката медиумска група Ал-Амак, за набрзо да биде отстранета. Во меѓувреме, симпатизери и членови на ИД на социјалните мрежи поставија фотографии на кои е насмеано дете во воена униформа и со пушка во раце. На друга фотографија детето носи панцир и е сликано пред оклопно возило, а човекот кој стои до него, џихадистите тврдат дека е негов татко.