Сирискиот огранок на Ал Каеда, Фронт „Ал Носра“ се закани дека ќе се одмазди на државите, кои што се вклучени во коалицијата против Исламска држава.
-Тие држави направија ужасно злосторство, поради што се на списокот на мети на силите на џихадистите во светот -предупреди портпаролот на „Ал Носра“, Абу Фирас Ал Сури.
Колицијата предводена од САД и нивните арапски сојузници од 23-ти септември од воздух ги напаѓаат позициите на војската на екстремистичката организација Исламска држава во Сирија, но и групата џихдисти кои Вашингтон ги класифицира како терористичка организација Фронт „Ал Носра“.
Според медиумите во нападите „Ал Носра“ изгубила околу 57 свои борци.
-Оваа војна нема да заврши за неколку месеци, една година или неколку години таа може да трае и со децении. Ние сме во состојба да се спротивставиме-рече портпаролот додавајќи дека војната не е насочена против Ал Носра туку против исламот.
Тој во видео записот кој што е објавен на „Јутјуб“ ги предупреди арапските држави кои застанаа на „страна на угнетувачот и неверникот“ дека ќе сносат последици.
САД објавија дека во вторник во Сирија погодиле позиции на терористичката група „Корасан“, но експертите и бунтовниците велат дека тоа се всушност џихадисти на Фронт „Ал Носра“ кои се борат на страната на бунтовниците против војската на сирискиот режим.
Е. Г.