(ВИДЕО) Џихадист заробил 40 лица во Сиднеј

Од:

Неименуван вооружен маж во тек на изминатава ноќ заробил 40 лица во еден угостителски објект во Сиднеј, пред кој истакнал црно знаме на Исламска држава. Како што пренесуваат медиумите во кафулето на Линдт во момент на упадот на напаѓачот имало 30 гости и десетина вработени лица.

Просторот околу објектот во чија што близина се наоѓаат неколку банки, но и парламентот на Нов Јужен Велс е блокиран од полицајци, а затворен и воздушниот сообраќај над Сиднеј. На снимките кои што ги пренесе локалната телевизија се гледаат заложници со кренати раце, а наводно еден испратил порака до полицијата да биде претпазлива.

Според наводите тие се принудени на излогот да држат црно знаме со арапски симболи, идентично на она кое го користат припадниците на ИСИС. Премиерот Тони Абот поради инцидентот свикал состанок на владиниот одбор за национална безбедност, на кој ќе се расправа за заложничката криза во кафулето Линдт на швајцарскиот произведувач на чоколади во главниот австралиски бизнис центар.

10863593_10205465381139863_1689850297_n

-Припадници на полицијата се обидуваат да стапат во контакт со луѓето кои што се таму- стои во соопштението на полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Инаку како што пренесуваат медиумите Австралија, која што ги подржува САД и сите нејзини воени акции против ИСИС во Сирија и Ирак е во состојба на подготвеност од напади на радикалните муслимани или домашни борци, кои се враќаат од судирите на Блискиот исток.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски