Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, денеска изјави дека, според него, лидерот на Исламска држава (ИД), Абу Бакр ал Багдади, е се уште жив, пренесоа британските медиуми.
Претходно овој месец сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека располага со „потврдена информација“ дека Ал-Багдади е мртов, но западните и ирачките официјални претставници изразија сомненија за ова тврдење.
Ирачката телевизија „ Ас Сумарија“ на 11 јули објави дека, според податоци добиени од борци на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, е мртов.
Иранските медиуми лиферуваа снимки, што го потврдуваат загинувањето на џихадистот.
Руското Министерство за одбрана, уште во средината на јуни објави дека лидерот на ИД и уште 300 борци од групата се ликвидирани во Сирија, во руски воздушен напад, извршен кон крајот на мај.