Џавид: Велика Британија подготвува нов закон за шпионажа

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид денеска објави дека Велика Британија подготвува нов закон за шпионажа и размислува за ажурирање на легислативата за спречување на заканата од непријателски држави, по минатогодишното труење со нервен агенс во Солсбери.

Според него, таквите чекори се неопходни за да се пополнат празнините во постоечките закони и додава дека е важно Велика Британија да има овластување да се бори против заканите по напуштањето на ЕУ.

Британскиот министер, исто така, оцени дека со крајот на Студената војна, не е ставен крај на заканите на една држава кон друга, потсетувајќи на случајот во Солсбери.

Плановите за усвојување на нов закон за шпионажа беа објавени откако двојниот агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени од нервен агенс „новичок” во Солсбери минатата година.

Лондон ја обвини Русија за инцидентот, додека Москва негираше каква било вмешаност.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи