Џавид: Нема да се кандидирам на следните избори во Велика Британија

Од:

„Нема да се кандидирам за реизбор на следните избори во Велика Британија“, напиша денеска на Твитер поранешниот британски министер за финансии и кандидат за претседател на Конзервативната партија, Саџид Џавид, пренесоа британските медиуми.

Следните избори во Велика Британија се планирани за 2024 година.

Џавид, поранешен банкар и голем застапник на либерализирање на пазарот, имаше неколку позиции во британската Влада и е ценет функционер меѓу членовите на Конзервативната партија.

Џавид е припадник на втората генерација пакистански имигранти, а на референдумот гласаше за останување на Велика Британија во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски