Две жртви во невремето Денис во Велика Британија

Од:

Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади се соочуваат со хаосот што го предизвика невремето “Денис” во Велика Британија, поради кое се откажани стотици летови.

Едно 18-годишно момче се удавило во морето во покраината Кент, а друг паднал од бродот од резервоар за гориво во близина на пристаништето “Маргејт”, јави „Дејли Меил“.

Скоро 50.000 патници чекаат на аеродромите откако компанијата “Изи Џет” откажа 234 летови, а уште 60 денеска ќе бидат приземјени.

Издадени се осум предупредувања поради временски неприлики, вклучувајќи и опасност по живот, откако се регистрирани ветрови од 140 километри на час и врнежи од дожд до 15 сантиметри.

Во десетина градови кои сè уште ја санираат штетата предизвикана од минатонеделното невреме “Кјара”, ангажирана е армијата за да ја засили одбраната од поплави.

Експертите предупредуваат дека невремето викендов ќе предизвика нови поплави.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте