Две жени спасиле автобус полн со патници

Од:

Благодарејќи на присебноста на две жени од Полска, од кои едната немала возачка дозвола, избегната е трагедија кога возач на автобус со полна брзина на патот за Гдањск се онесвестил, јавија полските медиуми.

Возачот се онесвестил, во момент кога автобусот се движел со брзина поголема од 60 километри на час, а возилото без контрола свртело кон ивицата на патот и почнало да крши сообраќајни знаци.

Во тој момент воланот преку онесвестениот возач го зеле две присебни патнички и заедно успеале да го одржат на патот.

Кога по 49 секунди, кои на патниците им изгледале како вечност, возачот се освестил и со помош на жените иако слаб, успеал да го запре автобусот, паркира и да повика помош.

Инстиктот ми рече да помогнам, бидејќи сакам да направам добро дело за луѓето, а драг ми е и мојот живот – изјави една од жените која во тој момент не размислувала дали да го земе воланот и покрај тоа што нема возачка дозвола.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците