Две воени бази во Шпанија ќе се користат за бегалци од Авганистан

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и шпанскиот премиер Педро Санчез се договорија дека две воени бази во јужна Шпанија ќе се користат за прием на Авганистанци кои работеле за американската Влада, јави денеска шпанската Влада.

Во синоќешниот телефонски разговор Бајден и Санчез се согласиле дека базите во близина на Севилја и Кадиз ќе се користат за бегалци од Авганистан, додека не се договори нивното заминување во други земји, пренесуваат британските медиуми.

Санчез синоќа на Твитер напиша дека имал конструктивен разговор со претседателот Бајден за прашањата од заеднички интерес, а особено за ситуацијата во Авганистан и соработката во евакуацијата на граѓаните од таа земја.

Авион со 110 авганистански бегалци и нивните семејства, вчера пристигна во Шпанија, во воена база во близина на Мадрид, вклучувајќи и 36 лица кои работеле за американската администрација во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Нападната база во Кабул: Има мртви