ВИДЕО: Две ракети паднаа во Полска, двајца загинати, премиерот свика итен состанок на Комитетот за безбедност

Од:

Во селото Пржеводов на полската страна на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загинале две лица. Полските медиуми пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата се уште не е позната. Радио Лублин вели дека две лица загинале. Инцидентот се случил во 15:40 часот.

Некои полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Оваа вест не е потврдена.

„Две залутани ракети паднаа во селото Пржеводов во провинцијата Лублин на границата со Украина“, неофицијално објави Радио ЗЕТ. „Две лица загинаа. Полицијата, обвинителството и војската се на терен“, додаваат од оваа радио станица.

Полскиот премиер свика итен состанок на владиниот Комитет за безбедност и одбрана.

Попладнево се случи еден од најсилните руски ракетни напади врз украинските градови. Беа нападнати Киев, Харков, Лавов и многу други градови.

Би можело да ве интересира

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната