Два ракети денеска ја погодија Зелената зона во Багдад, соопшти ирачката армија.
Најверојатно мета на нападот била Амбасадата на САД, која се наоѓа на стотина метри јужно од каде паднаа ракетите.
Во Зелената зона во Багдад лоцирани се голем број амбасади и владини згради.
Тоа е 26. ракетен напад врз Зелената зона в Багдад од октомври досега. Се уште никој не презеде одговорност за нападот.