Две нијанси сино: Двоумења околу боите на аргентинското знаме

Од:

Д Америкас – Буенос Аирес

Боите на аргентинското знаме се веднаш препознатливи. Линиите на светло-синото знаме и златното сонце е присутно насекаде, од фудбалските дресови до магнетите за фрижидери. Огромен споменик во крајбрежниот град Росарио, го означува местото каде Мануел Белграно, татко и основач на земјата, го подигнал првото знаме во 1812 година. На годишнината од неговата смрт, на 20 јуни, учениците се заколнуваат дека ќе ги почитуваат „белите и светло-сините“ бои.

Но дали тие и оддаваат почит на вистинската нијанса на сино? Една студија, објавена во неодамнешно издание на специјализираната ревија Кемистри селект, вели не. Истражувачите на Научниот истражувачки совет на Аргентина (КОНИКЕТ) и бразилскиот Федерален универзитет на Хуиз де Фора, ги испитувале свилените конци од она за кое се верува дека е најстарото преживеано знаме, огромното но избледено знаме Сан Франциско. Откритието е шокатно: синото било ултрамарин, далеку потемен пигмент.

Ова е повеќе отколку да се избере вистинската боја. Годините на граѓанска војна следувале по независноста на Аргентина од Шпанија во 1816 година. Федералистите, предводени од Хуан Мануел де Росас, крвавиот аристократ, се борел за децентрализирана влада со силни провинции под темно-сини бои. Унитарците, кои сакале силна централна влада во Буенос Аирес, војувале под посветла сина нијанса. Темносините федералисти владееле од 1831 до 1852 година, но на крајот биле победени од светлонебо-сините унитарци. И војната на боите всушност никогаш и не завршила. „Двете визии за земјата се уште постојат“, вели Франциско Грегорич, вексолог (проучувач на знамиња).

По триумфот на унитарците, повеќето Аргентинци претпоставувале дека знамето на Белграмо морало да биде светло сино, и покрај неговото одбивање да го прифати тоа. Ова верување е ставено под сомнеж кога истражувачите подобро го испитале Сан Франциско знамето, за кое велат дека било направено во Европа во 1814 година. Иако е избледено со текот на годините, и од правта која се таложела предизвикана од жетвите на шеќерна трска, научниците користеле хемиска анализа, рентгенски зраци и спектроскоп за да откријат дека пигментот во сините линии било направен од lapis lazuli, кое дава потемна нијанса.

Карлос Дела Ведова, истражувач од КОНИКЕТ, вели дека сознанието се однесува само на снамето Сан Франциско (кое, за разлика од модерното нема 32-крако „сонце на маите“). Сепак, тој смета дека оригиналот на Белграмо најверојатно било со исти бои како знамето Сан Франциско. Новото знаме било подарок за Храмот на Сан Франциско, училиште во северната порвинција Тукуман, од Бернабе Араоз, соборец на Белграмо. Дела Ведова се сомнева дека двајцата борци имале различен став за бојата. „Араоз бил свесен за идеите на Белграмо за знаме“, вели тој.

Некои историчари детектирале во бојата пресврт во сомнителниот обид да се рехабилитира репутацијата на Де Росас. Хуан Пабло Бустос Тејмс, автор на книга за знамето Сан Франциско и сопственик на негова (небесно-сина) реплика во оригинална големина, вели дека научниците ги игнорирале современите документи кои се наклонети кон посветлата боја. Мануел Белграно, правнук на херојот од независноста, вели дека е незамисливо дека неговиот предок би фаворизирал ултрамарин. „Нема сомнеж околу бојата“, рече тој за дневниот весник Кларин.

Каква и да е вистината, Аргентинците нема да имаат ултрамаринско сино знаме. Во 2002, Ирам, националната агенција за донесување стандарди, ја потврди посветлата боја со специфицирање на нејзините кородинати во Лаб системот на бои. Тие исто одредија колку дебели треба да бидат линиите и како треба да изгледа сонцето. Со декрет од 2010 од тогашниот претседател Кристина Фернандез де Киршнер, овие стандарди беа ставени во закон. Аргентинците не се подготвени да ги менуваат нивните линии, без разлика што велат хемичарите.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ