Две млади лица загинаа во свлечиште во Португалија, биле затрупани додека спиеле

Од:

Млада двојка загина во свлечиште во Португалија, јавија денеска локалните медиуми.

Двете жртви, на возраст од 22 години, најверојатно биле затрупани додека спиеле, од земјиштето што целосно ја уништи областа каде се наоѓала нивната куќа во Палмеира де Фаро. Тоа е близу границата со Шпанија во северниот дел на државата.

Двете деца на жртвите се спасени и се во прилично добра здравствена состојба.

Како што пренесе ДПА, свлечиштето донело и „камења со значителна големина“.

Причината за несреќата засега не е утврдена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира