Две лица загинаа во невреме во северниот дел на Чиле, а 24 се водат како исчезнати, соопшти чилеанската Влада, која прогласи вонредна состојба.
Во силната бура проследена со поројни дождови најмалку 3.000 луѓе мораа да побараат засолништа во регионот Атакама и чилеанската државна компанија „Коделко“, најголем производител на бакар во светот, која е погодена од невремето.
Според медиумите во Чиле, тоа е најголемо невреме во изминатите 20 години. Речиси 60.000 луѓе се без струја, а 50.000 немаат вода за пиење.
На армијата и е наложено да координираат операции за помош и да презе контрола врз јавниот ред во најзагрозените подрачја.