Две лица загинаа при поплавите во Шпанија

Од:

Две лица загинаа вчера при поплави предизвикани од поројни дождови во Коста дел Сол во јужниот дел на Шпанија, каде денеска се очекуваат нови врнежи.

Млада Романка е пронајдена удавена во подрумот на куќа во Малага.

Во Линеа де ла Консепсион, близу до Гибралтар, лице вработено во компанијата за електрична енергија, загинало во неговиот автомобил кој бил однесен од надојдената вода, соопшти локалната полиција.

Денеска се очекуваат нови дождови до реонот каде спасувачките служби добиле над 1.000 повици во текот на еден ден.

Вчера биле евакуирани со хеликоптер над 20 лица, кои нашле засолниште на покривите од домовите во Малага.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата