Две лица загинаа при напад во продавница на ИКЕА во Вестерас

Од:

Две лица загинаа, а еден е посериозно повредени во напад со нож во продавница на ИКЕА во шведскиот град Вестерас.

Нападнатите со рани од нож биле пронајдени од вработените во продавницата, а подоцна еден маж и една жена починале во болница. Уште едно лице било пронајдено избодено, но тој е во тешка здравствена состојба. Жртвите во моментот на нападот пазарувале и меѓусебно се познавале.

Полицијата приведе еден маж под сомнение дека е вмешан во убиствата.

Се уште не се познати мотивите за нападот.

Претставник на шведската Служба за безбедност, одговорна за случаи поврзани со тероризмот, изјави дека нема причина Службата да се вмеша во истрагата.

Портпаролката на ИКЕА истакна дека нападот бил извршен без предупредување.

– Не е познато дека биле упатени закани против ИКЕА, посочи таа.

Би можело да ве интересира

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници