Две лица загинаа, а десет се повредени кога при расправија меѓу гостите, маж активирал бомба во кафе бар во иркутската област во Русија.
Загинал 32-годишниот маж кој ја активирал бомбата, а другиот починал на пат кон болница.
Според првите извештаи, групата гости приредила забава во кафулето. Меѓу нив избила кавга, по што едно лице извадило бомба што експлодирала. Во моментот на експлозијата во кафе барот имало 15 луѓе.