ВИДЕО: Две лица убиени, десетина ранети на Менхетн

Од:

Двајца се убиени, а најмалку десетмина се повредени во близина на Емпајер Стејт билдинг на Мехнетн. Убиен е напаѓачот и еден случаен минувач.

Полицијата уверува дека нема индиции дека нападот на Петтата авенија е поврзан со теросистички акт, а NBC јави дека се работи за незадоволен работник кој неодамна бил отпуштен од работа.

На местото има јаки полициски сили, а објавено е дека од десетте повредини четворица се со рани од огнено оружје. Едно лице од нив е во критична состојба.

Вкупно десет луѓе се пренесни во болница, а тие што не се ранети со куршум, повредени се во стампедото кое настанало по паниката во центарот на Њујорк.

Целата област е блокирана од полицијата, а еден од олевидците тврди дека напаѓачот пукал со цел кон луѓето. Сеуште не е јасно дали тој сам си го одзел животот или пак го убила полицијата.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху