Две лица се убиени во руското гранатирање на Херсон

Од:

Најмалку две лица се убиени, а седум се повредени во руски напад со беспилотно летало врз минибус во градот Херсон, соопштија локалните власти.

Според шефот на регионалната администрација, Олександр Прокудин, нападот се случи во областа Дњепар, а меѓу загинатите има жена и комунален работник, чиј идентитет сè уште не е официјално потврден.

– Уште седум лица се повредени – шест мажи и една жена, вклучувајќи комунални работници. Сите се хоспитализирани, рече Прокудин, објави УНИАН.

Тој додаде дека повредените се здобиле со повреди од експлозијата и се под медицински надзор.

Би можело да ве интересира

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори