Две лица починаа од смртоносна чума во Монголија

Од:

Двајца руски туристи починаа во Монголија од многу заразна болест за која постои сомневање дека е бубонска чума.

Медицински персонал во заштитни униформи влегол во авионот кој слетал во монголската престолнина Улан Батор за да спречи патниците од заразениот регион да влезат во градот. Единаесет патници се ставени во карантин во најблиската болница.

– Прелиминарните тестови покажуваат дека бубонската чума најверојатно е причина за смртта на двете лица. Прогласивме карантин на неодредено време, соопштија монголските власти.

Се претпоставува дека туристите, маж и жена, дошле од Сибир, а се заразиле кога јаделе месо од дивеч. Пред да починат биле во контакт со 158 луѓе. Сите тие се ставени во карантин.

Мажот починал на 27 април, а неговата сопруга, која била бремена, три дена подоцна. Тие имаат четири деца.

Најверојатен извор на инфекцијата се мрмотите. Овие глодари често носат една од најсмртоносните форми на чума, која се пренесува на луѓето преку убод од инсект или јадење заразено месо.

– И покрај фактот дека е забрането да се јадат мрмоти, двајцата сопружници го јаделе тоа месо и сега се мртви, изјави др Цорбадрак, директор на Националниот центар за зоонотска дерматологија и медицина во Монголија.

„Црната смрт“ во средниот век одзеде една третина од населението во Европа, но денес може да се третира со антибиотици. Без третман, сепак, оваа болест може да убие човек за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување