Десет домови се евакуирани по експлозија во станбен комплекс во холандскиот град Алмере, изјави портпаролот на локалната полиција.
Според очевидци, најголема штета претрпел влезот во комплексот, а повредени нема, пренесува „NL Times“.
Уште една експлозија се случи во деловен простор во јужниот холандски град Влаардинген, при што беше оштетена една зграда, но нема повредени.
Минатата недела во истата зграда беше активирана експлозивна направа, а полицијата истражува можна поврзаност меѓу нив, иако засега нема индиции дека двете експлозии се поврзани.