Две деца се избодени со нож денеска во Германија

Од:

Две деца на возраст од девет и десет години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дуизбург-Маркслох.

Тие биле избодени и тешко ранeти од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

По нападот крвавите деца некако успеале да стигнат до училиштето, а според првите извештаи од местото на настанот биле нападнати кога се враќале дома од католичкото основно училиште.

Напаѓачот (21) набрзо по нападот бил уапсен, а мотивот за нападот се уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски