Две деца починаа од труење со храна во Турција

Од:

Брат (6) и сестра (3) од Германија починаа за време на одмор во Турција откако веројатно добија труење со храна, објави денеска „Билд“.

Неколку локални медиуми објавија дека децата и нивните родители, Сервет и Чигдем, кои имаат турско потекло, јаделе школки и полнети компири што ги купиле од уличен продавач во популарната туристичка населба Ортакој во Истанбул.

Само неколку часа подоцна, сите се пожалиле на гадење и силни болки во стомакот. Завршиле во болница, но се вратиле во хотелот откако им била укажани лекарски преглед.

Сепак, мајката следниот ден видела ужасна глетка – нејзината ќерка лежела неподвижна во креветот.

Брзата помош го вратила семејството во болница, но не можеле да ги спасат децата. Медиумите јавуваат дека мајката е на интензивна нега, додека таткото е интубиран.

Во тек е истрага, која треба да ги утврди сите околности на огромната трагедија, но во моментов се сомнева на труење со храна.

Германското Министерство за надворешни работи истакна дека се во близок контакт со турските власти.

Би можело да ве интересира

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски