Две британски синдикални унии повикуваат на генерален штрајк

Од:

Две големи синдикални унии на работниците во јавниот сектор во Велика Британија, повикуваат на генерален штрајк против економската политика на британската влада.

Прва со повик за општ штрајк се огласи „Унита“, а поддршка доби од другата најголема синдикална унија „Унитас“. Другите синдикални унии засега не се изјаснуваат околу овој повик, но доколку се успее да се мобилизира целото синдикално членство, тоа би бил првиот генерален штрајк во земјата по 1926 година.

Една ваква координирана и масовна акција на работниците во јавниот и во приватниот сектор, би претставувало значајна ескалација на протестите и незадоволството на луѓето од продолжените остри мерки за штедење и за кратење на буџетските трошења, што владата ги спроведува безмалку три години.

Синдикатите и работниците се незадоволни и од владиниот неуспех да ја надмине неколкугодишната економска стагнација која го блокира отворањето нови работни места.

Провладините медиуми го осудуваат повикот за генерален штрајк, нарекувајќи го „глупост“, или „бесмислена работа“.

За овие медиуми, повикот за општ штрајк е „обична студентска политичка фантазија“. Весникот „Сан“, меѓутоа, ги повикува синдикатите да не избрзуваат и тврди дека умерените синдикални унии се против генерален штрајк.

Економски експерти проценуваат дека еден ваков, масовен протест на работниците ќе значи укинување на работни места, а нема ништо да придонесе за подобрување на економската ситуација.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот