Двајцата осомничени за извршување на крвавиот напад врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ денеска изутринава биле забележани во северниот дел на Франција, соопштиле извори блиски до истрагата.
Браќата Саид Куаши (34) и Шериф Куаши (32) се наоѓале во сив автомобил „Рено Клио“ и биле тешко вооружени.
Сопственикот на бензиска станица во близина на градот Вилер-Котре „ги препознал двајцата мажи, осомничени како извршители на нападот против списанието“. Тие биле маскирани и носеле автомати „калашников“ и фрлачи на гранати, изјавиле изворите.