Илјадници симпатизери на отповиканиот египетски претседател, Мохамед Морси се собраа денес во Каиро, по традиционалната молитва, додека во судирите во Александрија и покраината Дамијета загинаа две лица.
Протестите ги организираше исламистичката коалиција предводена од „Муслимански браќа“, потсети „Франс прес“.
Стотици лица се убиени во операциите на војската против демонстрантите во Каиро, што предизвика дополнителни протести ширум Египет.
Египетската војска го отповика Морси од власт на 3-ти јули, по масовните демонстрации, а медиумите подоцна објавија дека поранешниот претседател ќе одговара пред судот, заедно со уште 14 членови на „Муслимански браќа“.
Елена Георгиевска