Двајца загинати при експлозија во Каиро

Од:

Две лице загинаа, а девет други се ранети денеска при експлозија на бомба во близина на Вишиот суд во Каиро, соопшти вечерва портпаролот на егиептското Министерство за здравство, Хосам Абдел Гафар.

Бомбата, што била поставена под еден автомобил паркиран во близина на Судот, експлодирала во време на голема раздвиженост во реонот, каде има десетина тезги, неколу автобуски постојки и метро станица.

Полицијата соопшти дека во истиот реон пронашла уште една бомба, која била успешно деактивирана.

Според полициски извори, седуммина од повредените при нападот се полициајци.

Се претпоставува дека цел на нападот биле полицајците, кои го обезбедувале Судот. Во моментот на експлозијата во зградата на Судот се наоѓал главниот јавен обвинител на Египет.

Одговорност за псотавувањето на бомбата презеде малку познатата исламистичка група Револуционерна казна, која во соопштение објавено на Твитер тврди дека цел на нападот била полициската стаица што се наоѓа во близина на Судот.

Доцна синоќа при експлозија на бомба крај полициска станица во градот Асуан загинаа две лица.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро