Двајца загинаа, а петмина се ранети во престрелка во Вашингтон

Од:

Во престрелката што се случи утринава во Вашингтон две лица загинаа, а пет се ранети. Напаѓачот побегнал од местото на инцидентот.

Полицијата соопшти дека трага по маж со „просечна градба“, кој носел сини панталони и маица. Тој наводно е Афроамериканец.

– Не обидувајте се да го спречите, веднаш јавете ни се, велат од полицијата.

Пукањето се случило околу 3 часот по полноќ по локално време.

Причината за нападот засега не е позната.

Петмина повредени се пренесени во болница, а нивната состојба не е позната.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

(ВИДЕО) Тексас: Пукање во средно училиште во Далас, најмалку тројца мртви

Горан Наумовски

Оружен инцидент во средно училиште во Далас, ранет е ученик во нога

Горан Наумовски