Двајца турски новинари приведени во Каиро

Од:

Дописниците на агенцијата Анадолија и на Турската национална телевизија и радио (ТРТ), Хибе Зекерија и Метин Туран, вчера биле уапсени во Каиро, пренесе ИТАР-ТАСС.

Според агенцијата Анадолија, новинарите се во затворот „Тора“, каде пред две години беше сместен и поранешниот претседател Хосни Мубарак.

Се уште не е јасен статусот на репортерите.

Зекерија телефонски кажал дека органите на редот ги качиле во блиндирани возила со цел да ги заштитят од толпата, но потоа се покажало дека ги водат кон затворот.

Зекерија и Туран речиси цел ден минале во џамијата Фат во центарот на египетската престолнина, каде се криеле заедно со неколку стотици други демонстранти.

Дописникот на ТРТ веќе неколку дена за националната телевизија во живо, телефонски, известуваше за се што се случуваше во и околу џамијата. Откако вечерта силите за безбедност ја расчистија џамијата Фат, од турските новинари престанаа да пристигнуваат какви и да било вести.

ТРТ од медиумите и меѓународните организации побара помош за да добие информации за судбината на репортерите.

Во Турција, во многу градови вчера имаше митинзи за поддршка на соборениот претседател Мухамед Морси, забележува ИТАР-ТАСС.

Стотици луѓе се собраа во Истанбул, Конија и други градови и ги осудија насилните дејствија на привремените власти во Египет.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро