Двајца Сиријци уапсени во Женева за транспорт на експлозив

Од:

Две лица со сириско потекло се уапсени во Женева, осомичени за изработка и транспорт на експлозиви, соопшти швајцарското државно обвинителство.

Двајцата се обвинуваат и за поврзаност со забранетите милитантни исламстички група Исламска дрќава (ИД)  и Ал Каеда.

Во соопштението на обвинтелство се вели дека во нивниот автомобил биле откриени „траги од експлозив“.

Двајцата Сиријци се уапсени веднаш по пристигнувањето во Женева.

Овој град се наоѓа непосредно до границата со Франција, па Сиријците биле запрени од специјалните сили кои се вклучени во неколкудневната безбедносна тревога во регионот заради, како што е кажано, рутинска контрола.

Сиријците станале сомнителни кога се утврдило дека не знаеле да зборуваат француски јазик, а на сириските пасоши имало шенген визи.

Полицајците извршиле детален претрес на возилото, во кое биле најдени траги од експлозив.

Женева во текот на изминатата недела беше „под опсада“ на специјалните сили ,откако швајцарските власти добиле сознанија од „една странска земја“ дека во градот или во неговата околина постои ќелија на ИД.

Според локалните весници, информацијата властите ја добиле од безбедносните агенции на САД, но во неа немало сознанија дека се планира терористички напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ