Двајца романски новинари осудени заради изнудување политичари и бизнисмени

Од:

Романски суд осуди условно двајца новинари откако беа прогласени за виновни за обид за изнудување политичари и бизнисмени речиси три години.

Апелациски суд во градот Клуж ги осуди условно на три години Флорин Асимионесеј, директор на весник и Алин Токан уредник на весник поради изнудување политичари и бизнисмени во периодот 2001-2004 година.

Двајцата се осудени да платат по 22.000 евра обештетување за министерот за транспорт Релу Фенекиу и други лица. Фенекиу изјави дека откако не одобрил рекламирање во нивниот весник, новинарите му публикувале статии со клевети за семејството и неговите бизнис-интереси. Весникот, кој сега се вика „Добар ден Јаш“, публикуваше редакциски материјал во кој го оквалификува решението на Судот како политички мотивирано.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“