Двајца повредени во руски напад на Запорожје

Од:

Две лица се повредени во руски напад со беспилотни летала „Шахед“ врз областа Запорожје, соопшти шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Иван Федоров.

„Една 58-годишна жена и еден 30-годишен маж се повредени во непријателското гранатирање на областа Запорожје“, рече Федоров на Телеграм.

Според него, во едно од селата делумно е уништена приватна куќа, а оштетени се и помошни објекти и автомобил.

– Лекарите им ја пружиле сета потребна помош на повредените, но тие одбиле хоспитализација, рече Федоров.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Путин: Украина и Европа сè уште не се подготвени за компромис

Најмалку девет лица се повредени во украински напад врз руската област Курск

Зеленски предлага 10 нови хуманитарни операции за евакуација од руските окупирани територии

Стаб: Ако немате агенда за мир, никогаш нема да го постигнете

„Билд“: Русија планирала напад во Полска, а потоа вината да ѝ ја префрли на Украина