Двајца полицајци се денеска повредени при експлозија на бомба во Каиро, а безбедносните сили брзо ги растераа малубројните демонстранти кои се собраа да ја одбележат годишнината од почетокот на револуцијата во 2011 година, која доведе до соборување на режимот на долгогодишниот лидер на земјата Хосни Мубарак.
Експлозивната направа била активирана во близина на полициска патрола во квартот Хелиополис.
Во меѓувреме, приврзаници на соборениот од власт исламистички претседател Мохамед Морси се собраа на централниот плоштад Тахрир, носејќи негови фотографии.
Околу плоштадот биле поставени 22 оклопни возила, а улиците за пристап до него се блокирани. Единици на безбедносните сили се распоредени и на плоштадот Раба, во северниот дел на Каиро, каде во август 2013 година беа убиени стотици приврзаници на Морси.