Двајца египетски полицајци се повредени во експлозија во близина на претседателскиот комплекс во Каиро, јави ТАСС.
Рачно изработената бомба експлодирала синоќа пред главниот влез на палатата „Ел Куба“ во северниот дел на Каиро.
Групата „Агнад Маср (Воини на Египет) ја презеде одговорноста за нападот. Групата пред една година објави војна на египетските безбедносни сили.