Двајца Палестинци загинаа во израелски напад во градот Набулус на Западниот Брег

Од:

Двајца Палестинци загинаа денеска во израелски напади, соопшти палестинското Министерство за здравство на Западниот Брег.

Министерството ги идентификуваше убиените како 18-годишниот Ваел Миша и 20-годишниот Ахмед Калил, а не е познато дали двајцата се некако поврзани, пренесува АП.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека двајцата убиени претставуваат закана за војниците кои дејствуваат во градот Наблус и, исто така, рече дека пукале врз војниците.

ИДФ соопшти дека нападот се случил додека армијата и полицијата ги обезбедувале еврејските верници да се приближат до гробот на Јосиф во Наблус во текот на ноќта.

Евреите веруваат дека Јосиф е погребан таму, додека муслиманите веруваат дека тоа е почивалиштето на исламскиот свештеник од 18 век по име Шеик Јусеф Давикат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април