Двајца Палестинци се убиени, а четворица се ранети во Џенин

Од:

Двајца Палестинци загинаа, а четворица се ранети во напад на израелската армија врз градот Џенин на Западниот Брег, јави палестинската новинска агенција ВАФА, повикувајќи се на локални медицински претставници.

Безбедносни и локални извори соопштија дека израелските сили влегле во градот Џенин и дека војниците отвориле оган врз група луѓе пред болница.

Израелската армија не го коментираше овој напад. Покрај тоа, две лица се ранети во напад со нож на контролен пункт на Западниот Брег, јужно од Ерусалим, соопшти израелската армија и медицинските служби, пренесува Тајмс оф Израел. Службите за итни случаи известија дека две жртви се полесно повредени.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил застрелан од безбедносните сили на лице место, а неговата состојба не е позната.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа