Двајца морнари загинаа во одделни инциденти на едриличарската трка од Сиднеј до Хобарт, соопштија денеска организаторите и локалните власти, што е прва смрт на оваа престижна трка од 1998 година.
Организаторите на трката преку соопштение на својот онлајн портал објавија дека и двајцата членови на екипажот загинале откако биле погодени хоризонтален столб кој го држи едрото и се ниша во зависност од насоката на ветрот.
„Заедницата на едрење е многу блиска заедница и има околу илјада морнари на вода во оваа трка и да се загубат двајца на овој начин е само поразително“, рече Дејвид Џејкобс, вице-комодор на Крузинг јахти клубот од Австралија и додаде:
Секогаш бараме да ја подобриме безбедноста каде и да можеме. Затоа ќе направиме истрага, и ако има нешто што може да се направи за да се спречи вакво нешто да се повтори, ќе го направиме тоа“
Лошото време принуди неколку јахти да се повлечат од 79-тото издание на трката што започна во четвртокот, оставајќи ја екипажот на Law Connect како нов лидер на трката во Јужен Пацифик.
Последните жртви на оваа трка се случија во 1998 година кога пет јахти потонаа, а шест морнари загинаа откако голема бура ја погоди флотата.