Најмалку двајца демонстранти се убиени, а 17 повредени во јужниот ирачки град Насирија, кога група антивладини демонстранти се обидоа да влезат во домот на локален функционер, соопштија полицијата и здравствените власти.
Според полицијата, група демонстранти се одвоиле од илјадниците протестирачи во центарот на Насирија за насилно да влезат во куќата на локален функционер. Полицијата појаснува дека кога демонстрантите се обиделе да го запалат објектот, чуварите почнале да пукаат кон нив.
Ирачката полуофицијална Висока комисија за човекови права утрово објави дека најмалку 30 лица се убиени во новиот бран протести низ Ирак, кога полицијата отворила оган за да ги растера демонстрантите.