Двајца членови на британската Влада се изјаснија против напуштањето на ЕУ

Од:

Британскиот министер без ресор Кен Кларк и заменик министерот за финансии Дани Александар, се изјаснија против излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Ториевецот Кларк, кој беше министер и во времето на Маргарет Тачер предупреди дека напуштањето на ЕУ би било „историска грешка“ која не би смеело да се направи.

Либералдемократот Александар, висок функционер во партијата која е коалициски партнер во актуелната британска Влада, оценува дека Унијата е основата за британскиот просперитет и за суверенитетот на земјата.

Кларк и Александар се меѓу потписниците на меморандумот за Европа, означен како „Подобро во подобрена ЕУ“.

Поддршка на овој документ му дава и поранешниот британски министер во неколкуте лабуристички влади на Тони Блер, а потоа и еврокомесар за трговија, лорд Манделсон.

Потписниците на Меморандумот се противат на, како што велат, унилатералната репатрација на овластувањата кои веќе му се дадени на Брисел, но сугерираат и „прилагодување на ЕУ на 21 век“.

Во овој документ се вели дека е „неизбежно натамошното менување на европската спогодба“ како и дека во некои области ќе треба да се вратат овластувањата на земјите членки.

– Најдоброто за интересите на Велика Британија и за нејзината промоција е токму низ присуството и учеството во работата на ЕУ, се вели во Меморандумот.

Појавувањето на овој документ е реакција на засилената кампања на евроскептиците во редовите на Конзервативната партија, на премиерот Дејвид Камерон.

Тој на почетокот од годинава најави одржување на референдум до 2017 година, за останувањето во ЕУ, доколку неговата партија победи на следните парламентарни избори во мај 2015 година.

Камерон не прифаќа напуштање на ЕУ, пред да се одржат нови преговори за идните британско-европски односи, како и пред враќање на дел од овластувањата што му се префрлени на Брисел.

Ториевските евроскептици заговараат напуштање на Унијата, затоа што тврдат дека таа ја „загрозува“ сувереноста на земјата и бидејќи британското влијание во ЕУ е „минимизирано“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот