Дваесет и осум рудари повредени при експлозија во рудник за јаглен во Полска

Од:

Дваесет и осум рудари се повредени, од кои 18 потешко, при експлозија на метан во рудникот за јаглен Мисловице-Весола во јужниот дел на Полска, а едно лице се води како исчезнато, соопшти раководството на рудникот.

– Седуммина од повредените се наоѓаат во критична здравствена состојба, а некои имаат изгореници на 80 проценти од телото, изјави директорот на најблиската болница Мариуш Новак.

Инцидентот се случил синоќа на длабочина од 665 метри, а во зоната на експлозијата имало 37 рудари. Сите, освен еден, биле евакуирани. Пожарот кој избувнал по експлозијата го спречува трагањето по последниот рудар, чија судбина е неизвесна.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он